размислува (гл.) - без (предл.)

Ако размислувам без предрасуди, не знам, Мирза, дали не е подобро во државата да има повеќе вери.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Излезен од својата малолетност (според славните зборови на Кант) тој се прогласи себеси за кадарен да размислува без помошта на татко.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Следен од непријателски борбени авиони додека летал над Индискиот Океан носејќи важни пораки, тој го приврзал за себе својот митралез како тег и скокнал од хеликоптерот во длабоката вода, заедно со пораките - крај, рече Големиот Брат, за каков што не е можно да се размислува без чувство на завист.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Инаку, бидејќи сите вери содржат заповеди што се корисни за општеството, вреди ревносно да се проучат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Може да се забележи дека оние што припаѓаат на толерантни вери се обично покорисни за својата татковина од оние што припаѓаат на верата што преовладува; бидејќи, оттргнати од честа, не можат да се разликуваат поинаку отколку со своето богатство и имот, тие се присилени тоа да го придобијат со својата работа, и така што ќе ги прифатат најтешките служби во општеството.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)