разменува (гл.) - некаков (зам.)

Во онаа прва книга од Твојата балканска сага зборувам за Татковите книги, се разбира! нејзините вистински протагонисти, Твоите родители, одвај и да разменуваат некакви зборови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Меѓутоа, вистинскиот повод за ова мое долго и наполно приватно писмо е Твојата непозната читателка Елен Лејбовиц, жена што решила да Ти се јави откако ги открила француските изданија на Твоите две книги: Времето на козите и Татковите книги (а подоцна и романите Атеистички музеј и Брегот на егзилот).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Толкувајќи осумдесетина селектирани фрагменти од љубовниот дискурс, Ролан Барт, еден од најголемите авторитети во областа на значењето, упорно го прави истото: проникнува во она што е зад зборовите со кои љубовта (наводно) се искажува, го доловува она што стои помеѓу нив, околу нив, под нив...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)