После, ко се примири, поп Цветан побарал да го однесат умрениот на селските гробишта и таму да го закопаат, но му се спротивстави Михаил Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш се разлути поп Цветан и му се развика на Јандрета, и им се развика на комитите, на војводите и на сите жители на Потковицата дека тоа што го прават со попот српски не било ни човечко ни божје, и дека тоа го правеле ѕверови а не луѓе, сеедно кој бил попот српски и што правел.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Неда? Коа Неда, мори стара вешчерко, света недела да ве пресече сете шо сте му го исчукале умот на детето! — се разлути попот и ја зеде патерицата да ја истера и неа како ќерка си Бисера, но се сети оти ќе му треба некој, та ја врати од сред двор.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)