разликува (гл.) - многу (прил.)

Бендот започна со свирката. За чудо, им пееше девојче, кое не се разликуваше многу од нејзините другари од бендот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Со тоа требало да се докаже дека властите дејствуваат решително и строго против револуционерите, но во исто време на Европа, којашто постојано вршела притисок за спроведување на реформи во Македонија, да ѝ се даде на знаење дека турското правосудство не се разликува многу по својата „демократска“ постапка од европските судови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На слика стрико Благоја не се разликуваше многу од оние наши постари селани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како и именките, и судбината на овие зборови не се разликува многу: најголемиот дел од нив одамна не е веќе во употреба, ги има во разговорниот и говорните балкански јазици, а најмал дел е и интегриран во нивниот лексички фонд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Си имаше многу мака со заемките придавки, кој по бројноста и фреквенцијата на употребата доаѓаат веднаш по именките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еуфоријата мина многу бргу. Седнавме во кујната на Христина која не се разликуваше многу од нашата во Лисиче.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не се разликуваа многу од оние што се нудеа во продавниците, каде што се продаваше порнолитература, со сите свои натуралности.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)