разлева (гл.) - низ (предл.)

Таму се славеше здравјето, тука смртта, но и во обете слики, светлината што се разлеваше низ фигурите и целиот предел (слична на онаа што пробивајќи се низ малите отвори на распнатите метални мрежи против инсектите, ја исполнува утробата на собата) беше како од милост небесна која го менува средениот однос што долу навидум владее меѓу ликот и гласот, меѓу предметот и движењето – блажена милувка на етеричниот Отец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од длабочината на катедралата од позади големите оргули допирааа допираа волешебните звуци и се разлеваа низ целата катедрала.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Самиот метод на нивно создавање - „конец долг еден метар (кој паѓа) право од висина од еден метар врз хоризонтално piane се врти по своја волја” - нѐ потсетува на реплика од Жари: „Кога парче бакар ќе се фрли... тоа ќе тоне бавно како кога вискозна течност се разлева низ просторот”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сѐ повеќе и повеќе, во меката сина здолница и во блузата со боја на пченка, се чинеше како нејзиното тело да набрекнува од таа новоформираа сладост, како да се разлева низ нејзините клетки, онака како што свежиот квасец го набрекнува тестото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега собата живееше со полниот глас на Глигор и неговата смеа се разлеваше низ целата затворска зграда.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гледајќи во небото, дишејќи длабоко полека ги затвори очите и само ја чувствуваше во себе убавината на чувството кое ѝ се разлеваше низ телото и целосно ја обземаше секоја нејзина пора, продирајќи до сржта на целото нејзино битие. Чувството на љубовта и нејзиниот бескрај.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Од аголот на левото око потекува солза и се разлева низ образот во танок сребрен конец.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Што дека маска секој има, и црно се разлева низ лице.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Тоа беше момент на широчина на духот, момент на искрено отварање на Еразмо кон Ирена: како цветовите кога се отвараат пред благиот отсјај на сончевиот нектар што се разлева низ дамарите; како школките кога се отвараат пред налетот на искрите на внатрешните бисери!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мајка заспиваше често со жолтата светлина на ламбата чија патина се разлеваше низ страниците на Татковите книги, кога сонот ја префрлуваше во нови времиња, во Татковата близина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тече водата, се разлева низ стрништата, низ ливадите, низ конопиштата. Џглиботи под колите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)