Зажуберка поток. Сонцето се спровре низ гранки и се раздроби во водата.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Последните зраци што успеале да си најдат проѕирки низ големата крошна на брестот што стражари пред фабриката Мичурин, се имаа раздробено во безброј златни зрнца по нивните коси и алишта.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Над шумата прелетаа штркови и жерави. Брзаа да се населат крај езерото на чиј брег се сретнав со првиот жител на Шумшул- град, со старчето Водомар.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)