Да ги набијам живи на кол? – му светна во умот и ги развлече дебелите муцки, задоволен што намисли пострашна и посрамна смрт, но пак се обрна кон собраните агалари и оџалари: – Што мислите вие, ефендилер?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ги развлече дебелите испукани муцки, му се насмеа и проговори: тиме, токо камо го татко му да не пригледа со нешчо. Нѐ остави овде на дедот и бабата и којзнае каде оди, шо прави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Пак некоја каурка грабнале агите? — го пречека Ростовски Мита со прашањето и ги развлече дебелите црвени муцки, бидејќи во тоа време беа зачестиле грабежите на каурки од разни бегови и паши, та Ростовски со владиката интервенираа и протестираа против тие насилија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Аха! — се замисли силниот Ростовски, и стана од столот да се прошета низ широката одаја за да донесе решение по оваа сериозна работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)