разбуди (гл.) - во (предл.)

Маалото се разбуди во ненадејна возбуда, а таа раснеше во паника што се пренесуваше од двор во двор во маалото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се разбуди в мугри, појде до чардакот, па во Татковата библиотека, во таа вавилонска тврдина на средените книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нешто ја повлече, некаква заборавена миризба разбуди во неа далечни чувства и таа појде по нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Колку време спиел Ване не може да се знае. Се разбуди во моментот кога татко му влегуваше во собата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Силно верувам дека тој, беше во потрага по дајмонот, посредникот, оној што допирајќи го со боженската рака, ќе ја разбуди во телото бесмртната душа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога Ели ќе заспиеше мама раскажувањето го прекинуваше, често и на половина збор, ја припокриваше, и неа и мене, нежно допирајќи ги покривачите, или ќе нѐ погалеше по косата. Од собата излегуваше на прсти и ја оставаше сосема малку подоотворена вратата, Ели да не се разбуди во сонот... ***
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога ме разбуди некакво страшно тропотење, ги отворив очите и прво што видов беа парчиња малтер што паѓаа од таванот и ѕидовите и почувствував дека нешто ме гуши.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Си правев куќа не нагоре, туку надолу. Не ја градев, туку ја копав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше нашиот договор уште од моите први денови во Гнездо – ако една од нас се разбуди во миг на тишина, да ја разбуди и другата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Станав, се приближив до Клара. Стоевме покрај отворениот прозорец – гледавме во мракот кон паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И сега гледав во оваа Амалија која немаше ништо заедничко со онаа Амалија, немоќта на оваа жена која умираше ме потсетуваше на мојата некогашна немоќ, а јас не сакав, или не можев, во себе да го разбудам ѕверството кое во себе некогаш го имаше таа и со кое ме тераше да тонам сѐ подлабоко и подлабоко, ѕверството со кое – ако го разбудев во себе - навистина ќе бев нејзина ќерка не само по крв, ѕверството кое требаше да ја натера да страда заради сопственото ѕверство, моето ѕверство кое требаше да ужива во нејзиното очајно каење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав во неа, и таа гледаше во мене; молчевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Првото утро кога се разбудив во неговиот дом, ми рече: „Сонував како си правам куќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Следното утро Ливајн се разбуди во седум.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Последниве саат-два (му се чинеше дека толку време поминало од моментот кога се разбуди во овој чекор) го потсетија дека тој овде е дел на едно безумие што секогаш значи војна, без разлика како го нарекуваат или како би го нарекле некои други .
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ќе ја разбуди во мовот притаеноста на огнот; доживувајќи го својот златен сон, искрата ќе вивне од себе самата и ќе ја плисне шумата со пламен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе дојде потоа од својата седалка ветар да си поигра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбуди во болница, од светлината на вперените камери, и гласното зборување на новинарите дојдени да земат изјава од единствениот преживеан од катастрофалниот пад на Боингот 747.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И заедно со тоа меко, но трпко полазување на тагата еднаш тој мораше да се разбуди во сеќавањето за потоа целиот тој ден, до последниот трепет во него да го стиска тоа во себе, за на крајот да мора да го каже докрај она, што имаше да го каже. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се разбуди во рани зори без да му одговори на Долгиот каде се двете души. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Какви чувства ќе се разбудат во тебе кога твоите „ангелари“ со развеани коси долги ќе поминат покрај клупата во градскиот парк, а ти, покриен со стари весници, ќе им се израдуваш на убавината, младоста и среќата... и нема да ги препознаеш, а ни тие тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Последнот гостин го истрезни, разбуди во него нешто често но непознато и го испрати дома.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со возбуденото ревење на некој што прв се разбудил во ноќта , со шушкавата химна на пламенот, се мешаат птичји крици и засипнато кучешко лаење.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Одам таму каде сѐ започнува каде сѐ се раѓа, каде ќе се сопнам од вистината и разбудам во еден друг свет, каде ќе можам да бирам како ќе живеам....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Во дни, нејаки од жештина за да се скратат самите себе, козата на некој железничар, ојарила на среде улица животинче со две глави; на стаклата на градската аптека се појавила богородица, гола и со шашливи очи; еден старец по трет пат се разбудил во својот живот со млечни заби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Загрозеноста на животот на целото општество дојде до онаа граница кога е неопходно, НУЖНО, да се разбуди јавниот граѓански морал, сите разумни без скрупули да истапат, секој од она место каде што се затекнал, сите заспани и застрашени морални императиви одлучно да се разбудат во секој оној што себе си се смета за морално суштество, коешто мора да го дигне својот глас против изолацијата и војната, за мир и соработка со светот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа беше дива, невозможна помисла, што требаше да се напушти истиот миг кога се појави, но собата разбуди во него некаква носталгија, некакво наследно сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Младото, цврсто тело, сега беспомошно во сонот, разбуди во него сожалувачко, заштитничко чувство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Се разбуди во него надежта, како елитен познавач на арапската старотурска османица, и низ нејзините денес архаични варијанти, да трага по сведоштвата за своите предци по мајкина линија, од Прилеп, за Окијаревци и за сите други.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тресок и ехо од кикот. Се разбуди во соба со силна светлина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ме охрабри, ми помогна, ми одбра книги за читање, разбуди во мене љубов за вистината, за човештината...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Утредента, пак се разбуди во истото време со тоа што денеска знаеше зошто, но немаше намера да излегува надвор од хотелот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иако сеќавањето на тоа како не можеше да се помрдне од местото и од што се разбуди во исцрпеност ја стаписуваше со некое грдо претчувство во кое во душата ѝ стануваше неубаво, ја исфрлаше од нормалното расположение и ја правеше нервозна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И еден друг човек се разбуди во мене, вели, некој кого не сум го знаела дотогаш, а постојано живеел во мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)