Можеше за неа да се каже баш она што бев го прочитал некаде во некоја книга дека сѐ што е благородно, самото по себе е од тивка природа и како да спие, сѐ додека не го разбуди некоја противречност.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Беше рано, знаеше дека е рано зашто раката на маж ѝ сè уште беше префрлена преку неа, а тој секогаш стануваше порано од неа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Хелвиг се прашуваше дали можеби откако си замина Карл, се разбуди некое чувство во неа кон внукот?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не знам колку време сум одел со спиење, ама ме најдоа паднат. Ме разбудија некои наши војници.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Онаа што му даде живот ја разбуди некое тропкање по стаклото на прозорецот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)