разбира (гл.) - низ (предл.)

Се разделивме како стари другари со кои со години се разбиравме низ шифри, без да сме се гледале, разделени речиси засекогаш...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Или веднаш да го решам или повторно да го заборавам минувајќи се разбира низ целата онаа голгота на себесовладување, потиснување на своето за сметка на туѓото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Амбасадорот Душан Симеуновиќ, тогашен началник на Шестата управа, одличен познавач на арапскиот јазик, но и на палестинското прашање, не штедеше убави зборови за мојата работа, дури ме замоли на крајот да му дозволам телеграмите од моите разговори со Јасер Арафат кои ги сметаше за значајни за проучување на палестинското движење да ги користи за своите студии кои ги објавуваше во тогашна Меѓународна политика.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие секогаш се разбираа низ премолчувања.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие, со години, во тешките и пресудните мигови за судбината на семејството, најдобро си се разбираа низ тишината. Така беше и овој пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)