Дури и за да се разбере зборот „двомисла“, претпоставуваше употреба на двомислата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Откако ќе се разбудеше, тргнувавме кон атељето на некој сликар, за да прашаме дали ги запознал, дваесетина години пред тоа, сликарот Фридрих Рихтер и неговата сопруга, но никој од нив немаше чуено за нив, и она следно прашање: „Од кого тие го посвоиле детето?,“ остануваше непоставено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш во сонот ќе офнеше, како што офка болен човек, и јас се приближував до него, обидувајќи се да ги разберам зборовите кои ги шепотеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сакам да кажам: „Призраците што оттаму излегуваат, со крв не ги храневме ние”. (Лакан, според Фројд) Сакам да кажам: болно клокоткање, „внатрешно крварење на меланхолијата”, струполување во себе*; и така можат да се разберат зборовите на принцезата кон самурајот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И ние, децата, збунети, без да ги разбереме зборовите на гостинот потрчавме кон Мајка за да ја известиме кој е четвртиот играч и што кажа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но Петар, како човек кој во душата никогаш не го засака пишувањето, оти се раѓаш или како писател или како рибар, не сфати дека не е важно дали сите тие луѓе кои жедно ги голтаа нивните проповеди и поуки ќе им ги разберат зборовите токму онака како што тие, проповедниците на Радосната Вест, сакаа да бидат разбрани.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Војводите ги разбраа зборовите на Цепенка и мошне добро знаеја што ги чекаше но тие сакаа да го чујат Карев.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)