Налутен како рис прв дотрча кај војводите и уште од педесет метра почна да вика и псуе: — Ами вака ли, море коркари, ќе го падеме Турчинот, слепци да водите што го зедоте на душа народот, аир да не сторите во очите да рече господ златен!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Турците ги слушнаа и ги боднаа коњите да ја прејдат барем Црна со видело, а селаните, не знаејќи оти Јован со четата влегува, се разбегаа кој каде види — долу река — горе река.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тогаш Толе се јави од гробиштата, сега тој на аскерот в грб, та овој пак се врати во своите метеризи околу конакот и казармата, а селаните се разбегаа кој каде види по чукарите и си отидоа дома. III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША Толе остана сам со своите осум опробани другари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)