работи (гл.) - нешто (прил.)

Работеше нешто, повеќе белешкареше, за она време додека Змејко беше бригадир на градежната бригада, тоа време имаше доста такви белешкари и евидентичари, крај оние што работеа и што се натпреваруваа, а кога Змејко откажа да остане бригадир, тогаш уште првата утрина старецот ја изнајде некаде и ја зеде под мишка една стара заборавена и извалкана од рѓата синдикална книшка од 1922 година, што се беше сочувала меѓу алатите и отиде со неа кај Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ДИМИТРИЈА: Што правиш ти? Пак ѕвериш во празно. Работи нешто. МАРИЈА: Што да работам?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Работеше нешто, шаркаше со моливот по тетратката и нешто си мрмореше од клупата и како куршум излетуваше надвор.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Видовме како детето се ведне на страна, како го свртува коњот и работи нешто со рацете...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги гледав луѓето наведнати како работаат нешто по нивните компјутери.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)