Инспекторот на трудот, со решение, ќе го забрани вршењето на работи на работодавачот ако затекне да работи лице со кое не е заснован работен однос во согласност со закон и колективен договор и за кое не поднел пријава за задолжително социјално осигурување (чл. 259, ст.1, ал.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во врска со оваа материја дојде до промени во поглед на тоа кои надоместоци имаат право да ги примаат овие лица, околу висината на надоместоците и околу исклучокот при исплатата на надоместоците во случај на стечај или ликвидација на правното лице во кое работеле лицата со преоста- ната работна способност.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работодавачот е должен да поднесе пријава/одјава [образец М1/М2] за работникот во задолжително социјално осигурување [пензиско и инвалидско, здравствено и осигурување во случај на невработеност], во согласност со посебните прописи – во АВРМ, по електронски пат или непосредно во Агенцијата, пред работникот да стапи на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Правата, обврските и одговорностите врз осно- ва на вршењето на работата од работниот однос и вклучување во задолжителното социјално осигурување врз основа на работниот однос, започнуваат да се остваруваат со денот на стапувањето на работникот на работа, договорени во договорот за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)