Јова или која било, ќе ги наложи со коприви и сол за да им спласнат сињилата и да можат утре да издржат повторно додека да се смилува Мефаил да ги пушти дома.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И тогаш, татко ми врза шлаканица и ме пушти дома со плачење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Зошто не ја пуштите дома?,“ го праша еднаш Клара доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа нѐ пуштија дома, а мене, кога ме видоа бос, ми дадоа војнички цокули...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се молат, се гледа дека се молат со очињата да ги пуштиш дома.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Таа се чувствува лошо само откако овде се појавува нејзината ќеркичка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)