Болните, пред да се напијат и пред да се потурат со вода од кладенецот, во него треба да пуштат паричка, железна, и трипати едноподруго да изговорат една молитва што тука, на лице место, ќе им ја каже бабата и пак така, ноќе, потајум, никој да не ги види и да не ги сети, заедно со бабата, да се вратат во населбата во Потковицата - ако сакаат да им се фати лекувањето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)