Жилите да пуштат корења длабоко плодови да бликнат високо, високо слободно на воздух!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Не сака да работи и затоа се плаши да пушти корења.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Всушност тоа го одредува основното двоумење: сопственото јас тежнее да се вкорени и отелотвори, па сепак тоа постојано се плаши да пушти корени во телото, бидејќи на тој начин би било изложено на напади и опасности од коишто не би можело да избега.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Зар е можно да паднат и да пуштат корен опасните бацили токму тука?“ и полека и сигурно во мачниот тек на иследувањето се создава во него нешто како обврска, одговорност за нешто и некоја не сосем определена виновност, што се создава од самата службена потреба да се наѕира во душите, во мислите...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знаел дека го слушаат - сега е тој најмудриот, во него, заедно со желбата и самиот да е голем, расне самочувство што нема граница на траење: жолтицата пушта во луѓето жилички, им го копа дробот, пие крв, лока и сплинка и пуздра.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа жолтица можела да пушти корен во сите што се допреле до болниот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа некој ја стави својата тврда шепа помеѓу моето лице и земјата и ме покри со нешто.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Свиткан, со забуцана брада во колениците, ни буден ни мртов, чувствував дека земјата лази под мене, тече и ја носи со себе топлината на луѓето и на огнот. Ако пуштев корен и самиот ќе се движев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така, со помош на нашето незнаење тие го посеале во нас семето на грцизмот, ама тоа не никна, не пушти корен...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од комуникативен, доктор Миха стана скопчан; од разговорлив - молчалив, од веселник - намќорест; од човекот во движење - во сенка што пуштила корења.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А оние зелени врбови колја што ги набиваше Велко, оние зелени гранки што ги трупаше, се фатија, ожилија, пуштија корења во земјата, ги зацврстија камењата, ја стегнаа почвата.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Едното беше за Хари; другото за татко ѝ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Најпосле ѝ рече дека пуштил корени во Буенос Аирес и дека дошол во стариот крај на одмор.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нашето семејство, осудено на преселби, најпосле, пушти корења на самата вечно променлива граница.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)