пушта (гл.) - музика (имн.)

Напротив, кога престана самиот да свири и наместо тоа почна да пушта музика, често му се случуваше да стои зад диџејскиот пулт и речиси несвесно да менува една по друга песна (исто како што сега ги менуваше во главата), додека околу него, пред него, зад него стотици тела танцуваа, рефлекторите кружеа по кренатите раце, тие пееја наглас, врескаа со ентузијазам на оние песни што им се допаѓаа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По некое време братучедите почнаа да пуштаат музика на грамофонот: Кол Портер, Дјук Елингтон, Ломбардо, Гершвин, Бени Гудман, Крозби.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Првиот конфликт го имаа токму во клубот кај што пушташе музика.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја покани да дојде во клубот кај што пушташе музика – сега веќе не свири самиот, ѝ рече, ама не може да ја остави музиката...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Порано повремено го запознавала со состојбата во Пансионот, со приходите и расходите, а сега никако; порано секоја вечер спиела со него, му читала весници и книги, му пуштала музика од грамофонот; а сега никако; дури и кога ќе се разбуди преку ноќ, неа ја нема крај него на креветот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
БОРИС: ... да правам, што да чинам ... (Матеј пушта музика на цел глас. Го покрива Борис. Долга пауза.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но во Златно славејче барем имаа усул да не ја пуштаат музиката прегласно.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)