пушта (гл.) - глас (имн.)

За животните е како секој ден: петлите пеат, кокошките и пилците претаат, добитчињата пуштаат глас - бараат да ги подмириш, врапчињата ќе си џивкаат, кукавицана ќе си кука...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Живнаа штурците. Плашливо, срамежливо, исчекувачки, наслушкувачки пуштаат глас и чекаат одглас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Никој не пушта глас, ама Чана се подмрднува на едната страна во вратата, им го ослободува поголемиот дел од празнината во која ќе се мерне ту пасамок магла, ту црна валма од главата на возот, ту во далечината снагата на некоја планина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се задава онака Татјана Перипелицина и јас го пуштам гласот по неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)