Хероинот може да се вшприца интравенозно, да се шмрка, пуши во цигара или на сребрена фолија - “бркајќи го змејот” (кинески).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бабичката не му бараше голема кирија, но бараше од него да не носи друштво и да не пуши во собата, зашто не трпела врева, а и немала сили за чистење.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тука, се разбира, не ги вбројувам исклучоците (имаше во циркусот и една жена што можеше, лежејќи на стомак, да се свие во половината и нозете да ги префрли до лицето; често нѐ забавуваше пушејќи во таква поза); но во циркусот имаше и поинаков став кон техниката: најмногу се работеше на техниката при изведување на точките, а при изведбата на точката техниката мораше да се заборави; во спротивно, се плаќаше со живот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)