Дуко станува од столот и, пувкајќи со цигарата излегува од собата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Па, мамо, огладнев, - вели Мирко и пувка со устата - Пув, пав...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Не е разликата во зборовите, вели Витомир, пувкајќи со цигарата, туку во луѓето што ги кажуваат тие зборови. - Луѓето се исти, велам јас, ״ама умот не е ист во луѓето“ , се присетувам на зборовите од Лазора Ночески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пувка со цигарата и ја полни меаната со чад. Јас го гледам и ми се смачува да го гледам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Одиме така по куќи и исправаме. Влегуваме и во тремот на Дуко Вендија. Дуко наспичува колца и пуфка со цигарата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)