пулсира (гл.) - низ (предл.)

И овој пат, „хоризонтот на очекувања“ на читателот нема да биде изневерен; полифонискиот принцип на структуирање на текстот е врвно поетичко начело и во Човекот со четири часовници.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во таа смисла, неслучајно е одбрана токму категоријата време како амблем на бројните мали светови, кои пулсираат низ страниците на оваа книга.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Шмркна уште еднаш додека чувствуваше како од болките во зглобовите во него се раѓа онаа негова добропозната нетрпеливост – секогаш истото чувство на неконтролирана лутина што одеднаш му извира однекаде и почнува да му пулсира низ вените.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се појавуваат идеи дека еден ден веќе нема да бидат потребни технички средства за пренос, туку и мислите и идеите ќе се одвиваат низ чиста размена по пат на мозочни бранови што ќе пулсираат низ целиот свет, секој пронаоѓајќи ја својата цел во тој „организиран хаос”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)