А тој, гледал, гледал, гледал и наеднаш прснал да се смее на цел глас!
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата, Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И секој во себе мислеше како сега поскоро би прснал да бега одошто да го стори ова што им рече дедо Геро.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Како што чуварот ме здогледа така истовремено вресна и прсна да бега по ходниците викајќи: - Вампир! Вампир во Парламентот! Ај анасана!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Бојана прсна да се смее. Го прифаќа хуморот... можеби...сепак сме сами...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
На крајот со пиштење ќе прснеш да бегаш низ врата, надвор.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе се зададат авионите и народот ќе прсне да бега низ шумата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Тој е, кој ќе биде друг. Толе со дружината — објасни останатиот селанец, Стојан Мегленецот, и испратија двајца од аскерите да сторат абер во Витолиште на мулазимот и мудурот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)