Го оставивме да плута, прпелкајќи се тромо во темната вода.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)