прошири (гл.) - речиси (прил.)

Второво во негеј- светот наоѓа претстави што може да се претворат во изрази на машкиот геј- субјективитет или чувство – со малку дотерување, ако мора – и кои им овозможуваат на геј- мажите имагинативно место за влез во некаква настрана утопија, некаде отаде виножитото, која не е сосема нивна творба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Џејми О’Нил ја презапоседнува ирската републиканска историја за геј-ослободувањето и за машката геј-љубов во својот роман Кај Пливале, двајца момци (At Swim, Two Boys, 2001), чиј наслов упатува на еден претходен, класичен, негеј-роман од Флан Обраен.*435 И најуспешното дело на Мајкл Канингам, Часовите (1998), изгледа најгеј не кога се труди да ги прикаже машките геј-ликови, туку кога авторот се обидува да пишува како – или, впрочем, да биде – Вирџинија Вулф – некако како Руфус кога ја канализира Џуди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично така, во Летот на една стрела (An Arrow’s Flight, 1998), Марк Мерлис нуди геј-прераскажување на Падот на Троја и приказната за грчкиот јунак Филоктет – иако може и да се разбере дека создава хомерски мит за Виетнамската војна, за геј-ослободувањето и за почетокот на епидемијата на ХИВ/сидата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Списокот на оригинални дела од геј-мажи што за поаѓалиште ги земаат стрејт-општеството или главнотековната култура може да се проширува речиси бескрајно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А, сепак, тоа е сосема оригинално дело од современата геј-книжевност, чија цел е да вообличи еден конкретно геј-начин на живеење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)