„Дали е тоа заразен бацил што сака да се прошири во мене?“ „Да.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
На југ, пак, истиот овој пат, тргнувајќи од почетокот на населбата во Потковицата и одејќи, од долна страна, помеѓу авлиите на Ризевци, Шутевци, Мицковци, Димковци и гумното на Дамчевци Џаџовци и, од горна, помеѓу авлиите на Вељановци, Бубичовци и Дамчевци Џаџовци, стигнува среде населбата и тука, за миг, се проширува во облик на разностран правоаголник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Планирајки во прво време своите идеи и акции да ги прошират во повеќе градови во Македонија, Кружокот проектирал да издаде еден хектографиран лист.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ми се виде, меѓу другото, како најуверлива метафората односно историјата за животот и бесмртноста на една книга на сараевската библиотека, која се спаси од бомбардирањето на луѓето и книgите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таа не можеше сè да задржи за себе, сè да издржи сама, но со невидена сочут и почит го слушаше Татко, ги впиваше во душата и мислите сите негови трепети, сè што можеше да собере од него, да сочува, да прошири во себе, да го провери и дополни значењето на некажаното, на тишината меѓу нив, небаре нејзината душа беше слеана со неговата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ваквиот тек на настаните можеше да се прошири во нови балкански војни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Градските партиски власти решиле да се прошират во вакафот, па не знаеле што да прават со книгите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)