прошари (гл.) - со (предл.)

Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да продолжеше францускиот јазик (уште некодифициран, помеѓу латинскиот и класичниот јазик) да го следи зборотворниот гениј на Рабле, а не патот на академизмот што ќе го следи во наредните векови, тој ќе беше еден од најбогатите јазици во светот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Рабле, којшто говореше повеќе европски јазици, но и грчки, латински, дури и хебрејски, своите гротескни романи Гаргантуа и Пантагруел, ги прошара со безброј нови зборови, привлечни неологизми, состави листа на бизарни јадења на времето, не заборавајќи ги и имињата на класичните јадења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски, гостејќи се повеќе со очите отколку со устата, имаше време прв да се огласи: Ова е голем ден, мили мои, стигнавме на крајот од мисијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
З.З. се внесе во својата беседа за арената, често прошарана со своите поетски метафори.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На влезот се разлеа крв прошарана со крувци мозок од истурената глава од кучето.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Над земјата, усвитена тишина, прошарена со стружење од жегалци и плипот од скакулци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Папратот почна да ја отфрла својата темно зелена боја, овошките покрај потокот се прошараа со жолти лисја, но највидливо беше присуството на есента во шумата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Едни убави чорапи, прошарани со цветчиња и нагрлени со црвен поплит.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дрвената рамка му беше стара, распадната, тоа на повеќе места олупено и прошарано со темни бемки како бемките на снагата од Богуле, но сепак и понатаму можеше човек да се огледа во него и тоа цел од нозете до главата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)