прочита (гл.) - свој (прид.)

Еми го прочита својот пофален текст: договор на летувалците да организираат чистење на брегот и поставување табли со натписи, илустрирани со инспиративни симболи - сонцето, цвеќето, насмеани детски ликови...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
2 Работната атмосфера во претпријатието, особено пред крајот на т.н. „транзициски период“, беше прилично стресна и напната – затоа што следуваше болен период на трансформација и се очекуваше голем број на работници [вкупно преку 700 вработени], да бидат прогласени за технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И ги вратија во својата одаја во Катилана да чекаат спровод за Диар Беќир, Ерзерум, Љум Куле, Едикале или некој друг од многуте казнени заводи во турската голема царевина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Освен онаа новина што ја откри откако ги отвори доволно очите за да го прочита својот болнички лист.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кој бегат од колачот не одит кај него да му носит главата да пресечит — заклучи кадијата и им ја прочита својата пресуда: Крсте Гермов — Шаќир — идам — 101 година — доживотно, а Јован Ѓуровчето „шубе — тарафанда", — две години сургун.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега мама нам ќе ни ја прочита својата нова приказна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Прво, денес сѐ почесто и погласно слушаме залагања за „организирана народна културна дејност“ (тука, се разбира, мислев на Луција, која како навиена го прочита својот говор на приредбата, кој почнуваше токму со таа фраза).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури еден нивен колега – кога го прочита своето име на „црниот список за 47 бркање“ – во очај се фрли на пругата и беше прегазен од возот на претпријатието во кое работеше сиот свој работен век!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)