Една недела пред да згасне, татко ми, во платнениот стол, сокриена во куќниот мантил, дебелиот шал и ќебето, ја замолува пријателката од младоста да му го прочита мојот штотуку објавен расказ.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но, сто насто сум сигурна дека таа ја прочита мојата лага.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Да знаеш дека овој пат ги прочита моите мисли и ја прими мојата телепатска порака и благодарам на оние кои ги наредија картите и ми дадоа џокер на дар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ема очигледно не сакаше тоа да го покаже и да му даде посебно значење и мене ми беше јасно дека, едноставно, тоа не ѝ беше целта, но за миг почувствував дека ја прочита мојата претпоставка и дека веќе игра на таа карта.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Бездруго дека далеку повеќе сум слушал од него отколку што тој прочитал мои текстови, иако знаев дека со себе, во внатрешниот џеб на кожената виндјакна, носи книшка од цариграскиот поет Дагларџа и понекогаш ја прелистува и ми преведува стихови што го освоиле.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Или јас го збркав часот на доаѓањето на возот, или тој невнимателно го прочитал моето писмо - ова второво е поверојатно.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ова мое пишување нема да излезе во јавност, но доволно е да го прочитаат моите деца и внуците.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Големо беше моето изненадување кога еден млад албански новинар, Алтин Раџими, неколку години по падот на диктатурата во Албанија, ги беше прочитал моите објавени романи на француски јазик, но своето внимание, на мое големо изненадување, посебно го беше запрел на Атеистичкиот музеј, посебно на сцената од атеистичкиот музеј во Скадар, односно на експонатот за душата, кога водачот Х.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Откако ја прочитал мојата книга се јавил дома. Разговарал со сопругата Гзиме.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мајорот погледна во хартијата и, откако го прочита моето име и презиме, со заповеднички глас викна: - Војнику Харилае, врати се во стројот и верно служи и на татковината!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тетка Марија не изгледаше ниту толку средено ниту пак отмено како тетка Олга - дури ни престилката не ја имаше извадено (како што забележа тетка Олга и подоцна му кажа на тетин ми), а околу главата имаше завиткана темна шамија.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тетка ми веднаш ја прочита мојата реакција и ме одведе на горниот кат на куќата, каде што, ми објасни, ќе биде "мојата" соба.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)