прочита (гл.) - некој (зам.)

Се обидува да прочита некои дамни врежани букви, обрастени со зелена мов и нечитливи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Имам прочитано некои од твоите написи што ги пишуваш за „Тајмс“ повремено. Сосем се добри, но тие се само преводи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Погледна во отворениот мозок на Х сакајќи да прочита некоја од неговите мисли. А мисли воопшто немаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На сметка на овие недостатоци, сепак балконот нудеше и повеќе од една бенефиција: Како прво: бев сосема уверена дека, ако се одлучам од горе да прочитам некоја песна, ниеден професор по филозофија нема да ме уверува дека сум Сергеј Есенин а тој Исидора, во обид да ме запроси за неполна минута, во малечко гратче, на единствен натпревар за млади поети, со државни спонзорства кои по рекламата необично исчезнуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тезга за приказни Сѐ си мислам дека некој од Влада ќе прочита некоја моја приказна и, онака, меѓу редови, ќе разбере колку сакам да изнудувам аплауз на отворена сцена, макар качена на бина каде што свират музичари за свадби во кафеана во елитното Дебар маало.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)