прочита (гл.) - го (зам.)

Не знам дали тоа ќе се случи денес или многу подоцна, тоа го знае само Севишниот, но кога и да се случи, мило мое, прочитај го ова што ти го оставам како единствено наследство што можеш да го имаш од мене и пристапи ми на судниот ден како дете кое за прв пат се соочува со животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога дојде писмото на татко му у руки, и прочитал го, и многу му се нажалило, и не знал што да чини.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
- Не знам, му велам, дојди си, прочитај го.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ЛУКОВ: (Ѝ го подава писмото.) Повелете, прочитајте го.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)