протне (гл.) - низ (предл.)

Потоа се протна низ подотворената пола на портата, ја испешачи патеката до влезниот и се најде на терасата пред двокрилната дрвена врата на која беше одвај распознатлива некогашната сина боја на која некрологот поставен и тука делуваше како новина на куќата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Секоја група ќе ја предводи по еден од вас, поради тоа што патот и приодите добро ги познавате и лесно ќе можете групите да ги протнете низ бавчите и оградите ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сега кога речиси неосетно нашиот поглед Ја губи светлината што шеташе со години По обожаваните предмети (Трепери само уште по предметите Што сонцето ги држи во раката дрско протната низ стаклото на прозорецот)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ако се протне низ дупката на ѓеврекот, ќе се прекрсти во Мадам Не и вечер сама најсама ќе го гледа августовскиот дожд од ѕвезди.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога се врати, пред да застане под тушот, посака да се протне низ дупката на ѓеврекот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Колку раноутрински оган може да се протне низ неа?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Оди кај плотот, пика гава да се протне низ дупката, но тенџерето не му дава.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога се приближи, се најде пред голема тешка порта со вратниче на едната пола широко колку човек да се протне низ него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Телото наскоро ќе се протне низ вратата на вечноста но душата е можеби жива и можеби е меѓу нас и можеби нечујно кива во облаците од темјан.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)