протне (гл.) - некој (зам.)

Утре – нов ден, нова нафака: на лаѓата за Венеција ќе протнам некоја ведра песна, преку девет мориња скришем ќе испратам и врзоп карипски насмевки - само црна мачка да не ми го пресече патот кога папсана се враќам дома и си мислам дека навистина сум продавачка на синолички на плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Не можеше ли смртта да одбере друг металик при своите вежбовни активности, кога во маневарската муниција меѓу ќорците ќе ѝ се протне некоја чаура со отпаден крш од колатерален ураниум?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со трње, со жици, со повит, со лескови прачки ја затворивме секоја дупка на плотот за да не се протне некоја кокошка во дворот на Лешо.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)