Само ретки зелени панделки, на прилично растојание една од друга, рамно од сртовите, од под некое осамено дрво, оскруша, глог или дива роза, се протегаат прудолу по падините, а тоа е знак дека тука протекува вода, чија, пак, глава, како што е вообичаено да се рече овдека за изворот, се најдува горе, на сртот, под дрво.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ноктите болеа, и кожата болеше а тој се повеќе ја стискаше тупаницата. Во неа од камен ќе протечеше вода.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)