проструи (гл.) - низ (предл.)

Остро гомно му излетува од газот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Болка како штракање со забите, но слатка, му проструи низ вратот и низ рбетот, сѐ до препоните, а телото му се грчи од задоволство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Удар на бол проструи низ неговото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Длабока иако потајна воздишка на олеснување проструи низ Одделот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веста проструи низ улиците како магија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И во еден момент ја почувствував неговата цврста рака како ме прегрнува и пријатно чувство проструи низ моето тело.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Братучедите ги обзеде отпор што сам од себе им проструи низ жилите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Истото чувство повторно проструи низ телото на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш наеднаш и по некоја среќа, водена од ненадејниот налет на енергија додека дрогата ми прострујува низ вените, ми текнува на моето гимнастичко минато и правам серија на ѕвезди и колути напред и назад.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се обидувам да запишам нешто но пенкалото е премногу бавно, затоа станувам и одам во круг.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Зар ја гледам смртта твоја?“ ми проструи низ главата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Страв проструи низ него дека нешто лошо ќе му се случи ако веднаш не се помести од тоа место, во движењето беше шансата да се преживее.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Моментален бес проструи низ мускулите на Глигора и одвај се здржа да не го зграпчи и сплеска во ѕидот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо почувствува како му станува поарно, дури уште не сосем одредена веселост му проструи низ градите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одеднаш трепна. Радост проструи низ неговите жили. По патеката трчаше Белуш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Наеднаш ми проструи низ целата телесна мускулатура една морница која со молскавична брзина стигна до мозочните ќелии.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Речиси истовремено некој топол животен зрак проструи низ мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност првпат тоа претпладне, благодарејќи на ова сеќавање на Иван, почувствував дека сум поблиску до сеќидневието на Таша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Според уверувањето на Карер, колку поединечните верски заедници, толку и масонската ложа беше столб за заедништвото на островјаните.  „Јас, господине Карер, од Вас го сакам списокот на секое еврејско семејство во градов”.  „А, тоа било”, малку му лекна на Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Некој го известил“, му проструи низ главата на градоначалникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Локомотивата како да удри во нешто таму напред, некоја невидлива сила проструи низ вагоните и луѓето, а долу под нив одеднаш сите тркала под сите вагони не се вртеа туку се лизгаа по железата со страшен писок, кој пак, некако на чуден начин се вовре во испозаспаните низ целата композиција.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Да, но многупати луѓето мислат за себе дека е речено пред судниот ден, во кој сами веруваат, оти доблеста излегува од нивниот свет: ги обзема скрб и безбројни недоречености едновремено им прострујуваат низ дамарите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во соседната зграда запалија светло: здивот на еден туѓ живот проструи низ Бутиевото сопче за да ги растера мракот, празнината, пустелијата на неговото постоење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И му се стори небаре светлината од некоја далечна зора навлегува во ноќта на неговиот дух.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)