пронајде (гл.) - некој (зам.)

Пелагија, во деновите кога не се работеше, а тоа беа само неделните денови, ги отфрлаше машките пљачки, се пикнуваше во своите фустани и со момичката во раце и Мурџо крај нив, шеташе во маалото од улицата Ѓоновиќ сѐ онаму до шепотот на Вардар со надеж дека ќе пронајде некое одајче каде ќе можат да се преселат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како што можеше да се очекува студентите не успеале да пронајдат некоја препознатлива разлика меѓу една група на вечни вистини и нивните спротивности.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дождот што туриваше силно пронашол некоја скршена ќерамида на покривот и пробивајќи се низ таванот сѐ повеќе тропа на масата и подот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Мораме да ја отфрлиме идејата за план за излекување на психотичните личности – можеби засекогаш, а можеби само привремено, додека не пронајдеме некој подобро прилагоден пат.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зигмунд Фројд: Скица на психоанализата. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)