Таквите разграничености ги разлачуваат не само видовите на дискурс туку и видовите на чувствување, стиловите на емоционално изразување и конвенциите на однесувањето и на општествената интеракција.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Делумно токму преку таквите жанрови, најпосле, децата си ги пронаоѓаат сопствениот глас и сопствената личност, си наоѓаат пристап до субјективниот израз, се здобиваат со карактер.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Децата уште од рана возраст се изложени на жанровите на дискурсот, однесувањето и емоционалното изразување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Значи, строгиот сооднос меѓу жанровите на дискурсот, на чувствувањето, на изразувањето и на однесувањето, од една страна, и облиците на родот и на сексуалноста, од друга страна, веројатно ќе им биде на децата јасен и опиплив на едно инстинктивно, интуитивно, утробно ниво, дури и на мошне малите деца, а веројатно ќе биде формативен за нивните субјективитети, иако – како и повеќето возрасни во тој поглед – тие и понатаму се, главно, несвесни за тој сооднос и немаат никакви свесни и експлицитни начини да си ги артикулираат несозреаните перцепции и интуиции што ги произведува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)