промени (гл.) - судбина (имн.)

За волја на вистината, Хабиб Бургиба ја промени судбината на Тунис, стори многу повеќе за својот народ под стегите на колонијализмот отколку други африкански владетели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидувам да ги откријам тиранските обележја на Бургиба во однос на народот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Солзите не можат да ја променат судбината, да го измијат минатото, да ги избришат зборовите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Па, како благовестие го чекаа повикот кој требаше да им ја промени судбината. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Залудно се обидуваше да се ослободи од тие кобни мисли, но и тој беше немоќен да ја промени судбината на козичката на Сеген.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)