промени (гл.) - име (имн.)

Но пред да пламне граѓанската војна во Либан и откако ги истераа Палестинците на чело со Арафат на кафеанчето му беше променето името во Либански рај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Според легендата која потем се создаваше, откако режимот, и по сите рации, потпомогнат со полициски сили од северната братска федеративна република, не успеа да ги пронајде и да ги уништи овие кози, тие за нас навистина останаа неуништливи, а со нив и нашите три славни кози: Сталинка, на која и по падот на сталинизмот кај нас не ѝ го променивме името, потоа Грда и Слободанка, како да одлетаа кон небото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во 1963 донесен е Сојузниот устав со кој се променува името на државата во СФРЈ, а со Републичкиот Устав Македонија се дефинира како Социјалистичка Република.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Раизе, пријателе, ова кафеанче некогаш се викало Нептун, според богот на морињата! - Отсекогаш кафеанчето се викало Нептун!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше да докаже дека всушност ниту нештата ниту луѓето не се потполни заробеници на своите имиња и дека не мора да значи дека, ако некоја личност или објект го променат името, тоа обврзно води и кон промена на нивната суштина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За сето тоа време имал намера да го промени името над излогот, но никогаш не стигнал да го стори тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислеше и во другите времиња да си го промени името, ама сетики одложуваше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ваквото уредување ќе опстојува до уставните промени од 1974 година.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)