произведе (гл.) - предмет (имн.)

Во друга прилика, на еден од своите соговорници тој му го образложи својот презир кон терпентинот со фактот дека сликарството што се засновува на „мрежницата”, секогаш, во крајна линија, е некој вид на ready- made, бидејќи сликаревиот творечки чин се сведува на одбирање помеѓу она што се наоѓа на тржиштето на индустриските бои, за потоа тоа да го распореди по своето платно на истиот начин на кој тој самиот заминувал во продавницата за да одбере ваков или онаков индустриски произведен предмет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Таму каде што обичната машина произведува предмет, Ворхол произведува тајна целисходност на предметот која се состои во тоа да биде репродуциран.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Човештвото се изнамачи да произведе предмети: првите ножеви од камен - рачна изработка во палеолитикот - потоа орудија од метал, а потоа рачна комуникација и машини и машинска комуникација, и потоа машини, што можат да работат на дигитално ниво. 90 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Самото потпишување на било кој сериски произведен предмет за Duchamp беше доволно да го воздигне на ниво на уметничко дело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пред сѐ, Sel е хомоним со scel (жиг, потпис), а 1922 Duchamp веќе неколку години се беше занимавал со редимејдите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)