Тој впечаток го дополнува отсуството на интерпункција, како и намерната шлакнатост и беспредметност на неговиот спор со пријателот околу точниот опис на времето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Меѓутоа, во случајот со геј-културата воопшто постојано се бијат посмртни ѕвона, честопати од страна на четириесет и нештогодишни геј-мажи што ги проектираат сопственото чувство на генерациски расчекор и сопствените утописки надежи за иднината врз помлади момци – или врз секој што ја претставува најновата генерација геј-мажи што ќе се појави на сцената.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Учествувајќи во нејзината неоснована возбуда, О’Хара го проектира сопственото отсуство на сериозност, особено кога се суди според критериумите на хетеросексуалната мажественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Повикувајќи ја да се прибере и да застане пак на нозе, најпосле покажува извесно нетрпение; далеку од тоа дека може да смета на некакви изливи на сочувство за сопствените испади, морал да се снаоѓа без нив, а тоа е зошто неговиот завршен повик истовремено искажува и нежност и цврстина пред глетката на женска гламурозност и абјектност.
Тоа што О’Хара свесно ги комбинира тревожната грижа и збунетата оддалеченост го бележи неговото спознание дека тој не се квалификува за субјект на таков раскошен и мелодраматичен дискурс на ѕвезда, макар сведочело тоа и за неговиот восхит и за неговата завист кон оние што се квалификуваат.370 Неговото иронично изрекување на насловот, на крајот на краиштата, го обелоденува својот дискурс како неоснован, освен во тропата на самата мелодрама на славните.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако не го претставува тоа што „никогаш не паднал“ како некакваси доблест (најпосле, човекот вели „ме имало на многу журови / со поведение крајно срамно“), неговото релативно стамено однесување претставува спротивност на повластените испади на ѕвездата, чија слава ѝ дозволува да ги ползува повластиците и почитта што тој не може да ги ужива.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што врз неа е испишано, на местото каде што ја пресекува визуелната пирамида, е еден „хиероглиф” што непрекинато треба да се одгатнува, чија што смисла зависи од положбата на набљудувачот: „гледачот што прави слика”, набљудувачот кој само ја проектира сопствена позиција кон светот, кон една бескрајна кружност, кружност на погледите едновремено и на набљудувачот и на набљудуваниот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)