проектира (гл.) - од (предл.)

Хотелот бил проектиран од познатиот архитект на времето Герардо Бозион, а дизајнот му бил доверен на Ѓио Понти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Според нив се нацртани неконцентричните примери со поинаква форма, кои со ротирање создаваат илузија на спирално движење, собирајќи се кон средиштето и повторно ширејќи се кон рабовите на дискот, така што перспективата која истовремено се губи во просторот, се проектира од платното во насоката на гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Или, со други зборови, компјутерите се способни да синтетизираат алтернативни светови, што ги проектираат од алгоритми, т. е. од симболите на калкулативното мислење, коишто можат да бидат исто толку конкретни колку и светот што нѐ опкружува.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во електронската меморија неколку преувеличени мозочни функции се проектираат од човечкиот череп врз неживи објекти со чија помош тие функции можат да бидат набљудувани и манипулирани.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)