продолжи (гл.) - уште (прил.)

Беше дури и радосен од тој глас. Сакаше оној да продолжи уште да зборува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие би продолжиле уште да редат, како кукавици на мртвен, ама Фоте, а по него Боге, ги покажуваат рибите држејќи ги за опаш, така што тие вака издолжени навистина се чинат големи како машки подлактици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Продолжија уште неколку чекори така... И директорот уште попродорно го изгледа дајреџијата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Момченцето можеше да ја продолжи уште, но кучињата веќе почнаа да покажуваат знаци на лутина, па им го даде лебот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но ерупцијата продолжила уште посилно, и покрај лавата и пепелот, исфрлал и смртоносен јагленороден диоксид од кој започнале луѓето да се задушуваат и трујат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)