продолжи (гл.) - низ (предл.)

Понекои понесени од звуците на музиката подзастануваа на кратко за пак да продолжат низ лавирнот наречен метро.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Не барам одговор, Господи, за ништо зашто добро знам дека и страстите се создадени од крв и од солзи и Ти ќе продолжиш низ нив - Мене само осама ми треба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И кога излезе, продолжи низ излогот да ѕирка кон него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таму го затекнавме Тимотеј, чесниот верник и следбеник на Исуса, кој, откако се обрежа, го зедов при себе, та заедно учејќи ги верните христијани на она што бевме го договориле со другите апостоли и старешини во Ерусалим, продолживме низ Фригија и Галатија, славејќи го името Божје и јакнејќи ја црквата Негова на земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)