продолжи (гл.) - во (предл.)

- Ќе продолжам во Солун - ќе се запишам во четврти клас, - одговори Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Имено, после Девојките од Челзи, првиот Ворхолов филм што доживеа комерцијален успех (прикажуван е и во Европа), очигледно е авторовото тежнеење да продолжи во тој правец, т.е. настанува обид за додворување на публиката со постепеното прифаќање на правилата на комерцијализмот, односно во филмовите кои следеа исчезнува меценизмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во овој поглед, обете гледишта се всушност едно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Девојките од Челзи претставува кулминација на неговото дотогашно творештво и успева да ја заинтересира пошироката публика, но истовремено и да го обележи крајот на неговото занимавање со филм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како што одбележавме и порано, изгледа дека Витгенштајн на интенционализмот му го припишува заклучокот дека разбирањето на правилото во некоја смисла би морало да биде инфинитарно по карактер, така што сите можни апликации на правилото на некој начин се присутни кај оној кој го следи правилото кога ги сфаќа неговите барања; и ова е она што Витгенштајн го наведува на платонистичка интерпретација на гледиштето, бидејќи тој сугерира дека некој го сознава правилото на сличен начин како што и шините бесконечно продолжуваат во иднината, па според тоа се однапред и независно фиксирани.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На спротивната страна е некогашниот огромен кралски дворец, чие задно крило е продолжено во сферична линија, потоа романската асамблеа, во чие продолжение се издигаат десетина повеќекатници, поставени како на скалило една зад друга, во чие милје се наоѓа една стара црква од 18 век, историска романска знаменитост.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Разговорите за несогласувањата околу договорот требало да продолжат во Белград што го одложило потпишувањето на договорот за федерација меѓу Југославија и Бугарија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Татко знаеше дека во сиџилите почива најмногу жива, незавршена историја која може да продолжи во сеќавањето на потомците.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Правата и обврските кои произлегуваат од работен однос од работодавачот – преносител во целост се пренесуваат на работодавачот – стекнувач, кој пак, независно од правната причина на пренесувањето, продолжува во извршувањето на задачите или активностите на претходниот работодавач, за период не пократок од една година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Николаќи пак, кој што стои до Антица, целиот се тресе од поразот кој што го доживува и, барајќи го погледот на Антица, целиот се искривува така што во последниот момент изгубува равнотежа и паѓа пред нозете нејзини, но се дочекува на рацете и пак погледот му продолжува во очите од Антица.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Од желбата на други зависеше дали патот ќе го продолжи во пар или сама ќе се врати назад.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се наведнав и продолжив во оној час кога низ проредениот дожд се спровреа првите снегулки кога, како да ја сожалуваат мојата осаменост и ненужност, повторно се огласија над високите покриви невидливи диви гуски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ние не сме робови и никогаш не ќе бидеме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За казна, ќе продолжи во синџири да копа и да бара дијаманти.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Уште во текот на големата моќ на Империјата, па сѐ до нејзиниот конечен пад, јаничарите или ќе се побунеа, па ќе ѝ го дадеа најсилниот отпор на Империјата, или ќе продолжеа во нејзините редови како везири и војсководци, како филозофи и писатели, како хроничари и историчари, кои колку што ѝ служеа на Империјата толку отворено или таинствено му служеа на својот народ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште пред да заминат Французите, командантот на територијата му предложил на тогаш младиот Татко своето школување да го продолжи во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Али Фети, држејќи ја запалената пура, во еден миг му се обрати неочекувано на својот внук, оддалечувајќи се од претходната тема, која оставаше да ја продолжи во некоја друга средба: Ти, синко, бездруго имаш свои планови, да ги продолжиш студиите во Цариград?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но и обајцата во тоа не беа до крај убедени: Камилски предупредуваше на јаничарството што продолжи во други модифицирани, и не помалку опасни облици на Балканот и во Европа и по неговото крваво задушување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се вели дека е проклет Балканот затоа што овде историјата продолжува во лавиринт!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ох, тој миг да можеше да се продолжи во вечност!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе ги премолчеме ли за да продолжиме во ист правец.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Бургиба не се откажуваше од своите фантазми кога беше во прашање неговата визија на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така во еден период при посетата на бродот Галеб во туниското пристаниште близу Ла Гулет, каде што беше пренесена статуата на Хабиб Бургиба на бел коњ, донесена од центарот на градот, по падот на бургибизмот, а некогаш донесена во Тунис токму со бродот Галеб, како дар од југословенскиот пријател Тито, станував и самиот дел на една процесија на мртвиот владетел, чија исчезната реалност, сакаше да се оживее, да продолжи во времето како нова илузија...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој на крајот насобра песок околу гробот на Ханибал и продолжи во Тунис да живее со својата митска хронологија на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И еве сега неговиот Галеб, како со сила создаден и одржуван феникс, треба да го оживее исчезнатото време... но и тој на крајот да заврши како старо железо, а Синиот воз да остане на некој заборавен колосек...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од телекранот се слушаше писок што ги параше ушите и што продолжи во истиот тон четириесет секунди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие три збора во еден момент Круме Волнаровски ги продолжи во „така сакаше Шефот“ (или така можеби мене ми се причини), но веројатноста дека јас тоа навистина го слушнав беше голема затоа што често, во отсуство на цврст факт во кажувањето (си го толкувам тоа како професионална деформација) ние го спомнувавме Шефот непосредно слушнат во наложувањето на обврските, иако никој од нас не можеше да биде блиску до него, а уште помалку близок со него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имавме по два часа за шетање низ паркот и тоа време јас максимално го користев во првите неколку дена, а потоа се почесто останував затворен во ќелијата загледан низ решетката во еден од малите прозорци од женскиот дел, од каде ми се чинеше дека ме опсипува бран на светлина што ми е наменета само мене и која само јас ја чувствувам, убеден дека таму една жена го има истото чувство кое потоа продолжува во долг плач со солзи кои се и мои солзи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Според неа, една лоза на фамилијата Кавалиоти многу подоцна продолжува во Трст, а друга лоза, во исто време се преселува во Крајова.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Желба на татко беше да продолжам во гимназија, а не да станувам учител, по гимназијата, се разбира, лекар.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Децата што го слушаат си разотидуваат, а тој си продолжува во наредната улица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дните до четврток се направија цели месеци, а среда се продолжи во година.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мисијата требаше да продолжи во спасувањето на други детски животи зашто, поинаку, сета мисија не би ја имала својата смисла. Немаше крај на Мајкините добрини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше тоа љубов на прв поглед. Љубов која продолжи во брак и во живот на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По пробивањето на фронтот се демобилиса и продолжи во црквата да му помага на поп Серафим како клисар.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потем, продолжи во нов тон: - Другари, оценето е на највисоко ниво, дури и во Федерацијата, а во консултации со заедницата на братските социјалистички земји, кои се приоритетните стратегиски пунктови во забрзаниот развој на нашата Република.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Откако ги заврши работите што беше предвидела да ги заврши утрешниот ден, само за да го следи Татко во ноќта, небаре да го преземе својот дел од одговорноста од татковото замислено патување, кое еден ден можеше да продолжи во реалноста, тивко се прикраде до неговата соба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сепак, модернистите исто така се надеваат дека нивните нови теории, да го цитираме Хјум, “нема да бидат инфериорни во поглед на извесноста и ќе бидат многу посупериорни во поглед на корисноста од кое и да е друго човечко сфаќање”.8
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Една друга интуиција заедничка и за модернистичкото и за предмодернистичкото мислење, а и за Дерида, е верата во блиската поврзаност помеѓу знаењето и доблеста, т. е. дека промените во онтолошките и епистемолошките гледишта кај луѓето можат да доведат до морални и политички трансформации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова уверување се појавува веќе кај Платон и Аристотел, и продолжува во Средновековието.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И кога семејството се распарчи вудве, минувајќи ја границата, минувајќи со еден стар дрвен чун од едниот на другиот брег на езерото, таа остана, продолжи во сите нас, додека бевме живи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Читајќи ги нејзините редови, како знаци во кои беше присутен повикот на судбината, јас, всушност, се враќав во Македонија, во земјата што ја претставував, во земјата на моите кози и книги, во делот на семејството, во среќен егзил што требаше да го продолжам во мојот балкански дел на судбината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Овие два облика на дистанца, темпорална и просторна, нема сомнение, за вас биле неорходни и особено провансалскиот шарм и атмосфера каде што ќе присоберете сили и храброст за да сведочите за вашата неколкудневна аскеза, која продолжи во вас отаде збиднувањето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така би и со оваа книга, произлезена од едно писмо испратено до авторот од за него непозната читателка, Елен Лејбовиц, на 15 октомври 1999 година, кое потоа продолжи во бујна преписка с до 24 декември 2002 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Поради тоа преговорите за југословенско-бугарска федерација се одвивале непречено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Донесениот заклучок, на иницијатива на американскиот министер за надворешни работи, Стетиниус, разговорите за тоа да продолжат во Москва, на состанок на министрите за надворешни работи, го оставил сосема отворено тоа прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Втората светска војна е последниот пример којшто покажува како рамнотежата во светот се одржува меѓу ГОЛЕМИТЕ на сметка на помалите и како првите изнаоѓаат модус вивенди за да ја одржат истата супериорност, барајќи начини како да ја продолжат во нови општествено-политички услови.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Школувањето ќе го продолжи во цариградскиот француски лицеј на Галата-сарај.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Животот му продолжи во парадокси: спасувајќи се од италијанскиот фашизам на Татко му преостануваше единствената можност за спас, ноќе да ја мине границата преку Езерото, или да биде интерниран во италијанскиот логор Порто Романо.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе започнеше голем сон во една татковина, ќе го продолжеше во друга, ќе го завршеше во трета.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Маките ми продолжуваат во другите музеи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секундите ќе се оддолжат, минутите ќе продолжат во едно попладне, а никој не ќе води сметка за времето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе почнат да го бараат бебето, но ќе најдат само сенка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Додека да ја повлечат пастрмката и да ја испијат текилата, ќе се стемни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дури и да се обидев да му се спротивставам, тој не ќе попуштеше, туку ќе почнеше да ми објаснува за некои опасни заразни болести што се добиваат од нечистотија, мајка ми ќе продолжеше во негов стил, а мене таквите нешта ми се страшно здодевни, зашто ги знам веќе напамет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Рече со растреперен глас Момите два пати се благословени - со две мајки и со двајца татковци! а немо продолжи во себе Прости ми, изумив дека одамна Роса ви е и мајка и татко!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)