– А каде ви е сега тој клет Чанга? – продолжи шефот. – Чанга е во паркот! – извикавме едновремено, ние децата. – Шипинки во паркот!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
– Каде ги дадовте козите! – продолжи шефот, додека неговите придружници веќе пребаруваа во дворот, во куќата. – Таму, таму ги дадовме! – процеди мајка ми покажувајќи кон паркот... – Каде таму... подобро кому?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми насети каде оди мислата на шефот, па не се излага: – Вие, ако не се лажам – продолжи шефот – имавте три кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)