продолжи (гл.) - живот (имн.)

Колку повеќе беа убедувани во непостоењето на бога, овие луѓе во повоените години на комунизмот толку повеќе веруваа дека Бог постои преку испратените кози за овде да продолжи животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко продолжи со истиот спокој: - Сине, сиџилите нѐ спасија... Ни го продолжија животот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А ти, зошто црташ? Ете тоа е бесмислено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Раѓаш дете за да продолжи животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со последни сили, како тоа да ќе им го продолжи животот, ги добутале до дршка јатаганите во прекрвавите црвени и црни и зелени утроби и се смириле наеднаш или само малку еден по друг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето биле врзани со оружје и со страв што ќе трае долго и биле судбински поставени во непроменлива позиција.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Велеше дека парите во староста можат да го продолжат животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури повеќе и од оние најстрашните на мајка ми, што ги земаше за да си го продолжи животот, што и не беше живот туку мачење и обврска да нѐ испрати нас трите на патот наш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Влага таа во години, се сети еден ден и полека, како да си го продолжува животот, појде кон куќата на Андона.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Меѓу тие два мига се наоѓа капка мудрост што одвај дури и ја забележуваме...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И кај сакаш да ти продолжи животот по смртта?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога се прибра, само праша: - „Ами што те избудали да оставаш коса?“ - Грнчарот, рече Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Две седмици пред да ја прочитам „Чај за двајца“, ненадејно добив работа во странство, неколку месеци потоа не бев во Белград, работев во Москва и имав намера таму да го продолжам животот, кога ми беше јавено дека починал татко ми, па дојдов да го погребам и да го преземам татковиот стан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Умираат живите и паѓаат во стари јами од кои воскреснуваат мртвите, со многувековно искуство да го продолжат животот, на штотуку умрените и свој, но поинаку од порано: спротивно од она што било, како на фимски негатив од камерата на тогашниот балкански Милтон Манаки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А напролет, здравје, со полжави посно варени в грне ќе си го продолжи животот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но желбата за враќање веднаш му спласнуваше кога ќе помислеше каде да се врати: во текот на овие години по неговото заминување му изумреа и мајка му и син му, татко му загинат на фронт, а со жена му Видуша оставена толку години сама, како да продолжи живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А ако пак Богдана го жртвува обвинувајќи го него дека тој го отрул, како соперник, за да се оспободи од него и тој да ја преземе исцело улогата на маж и газда, тогаш таа ослободена од сомневањето, се ослободува и од слепиот маж и од Богдана; продолжува живот со друг маж и го наследува Пансионот како законска жена на Вајс.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој никако не се приспособи во својот живот на ниту една идеолошка линија, ниту на времето на национал-фашистичката, од која бегајќи со семејството спаси глава, ниту на комунистичката линија на земјата, каде што го продолжи животот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според посакуваната судбина од мајка си, синот да му биде ветен во искачувањето и останувањето во цариградските висини на власта, Татко по завршените студии и поддршката на својот вујко во Цариград, ќе го продолжи животот во некаква балканска одисеја со семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На балканските ветромети Татко се увери, по доживеаните балкански и светски војни и падот на Османската империја, епохата на комунизмот, дека најпосле Балканците треба да си ја пишуваат својата историја, како хронологија на настаните, личностите, епохите или како историја на обичните зборови кои живееле во хармонија, дури и во сојуз со различните јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури и одбиваше да ја примиш последната доза од пет апчиња, а јас се карав со тебе и упорно те молев, мислев дека хемотерапијата е единствен спас што ќе ти помогне и ќе ти го продолжи животот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во Татковата речиси фанатична приврзаност кон книгите, нејзе ѝ се даде можноста да го продолжи животот со книгите, да си го продолжи, по многу години, идеалот на солунските лазаристи, нејзините единствени вистински универзитети во животот во кои се негуваше култот на книгата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Првин, таа се откорнуваше од своето семејство, од родното гратче Лесковик, на самата грчко-албанска граница, востановена по падот на Отоманската Империја, за да си го продолжи животот во Татковото патријархално семејство во Поградец, во периодот на монархиска Албанија, на брегот од Охридското Езеро, за потоа да ја следи егзилската судбина на Татко напуштајќи го засекогаш родното огниште и завршувајќи го животот, првин, во сталинистичка, па во Титова Југославија, во Скопје, главниот град на Народна Република Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој му се восхитуваше на новиот пријател, белиот откорнатик Игор Лозински, за храброста да го продолжи животот кога судбината го стори голем губитник.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нивното циклично движење беше најмногу предизвикано од потрагата по нови предели, во потрага по најдобри услови да се продолжи животот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Медот го обновува човечкиот организам и го продолжува животот, зашто е богат со сѐ што му е потребно на човека.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мајка го продолжи животот со Татко во Поградец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Покрај превртувањето на минатите случувања по сто пати во мојата глава, постоеше и еден внатрешен страв и немир за тоа како ќе го продолжам животот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)