Киоскот кој им овозможуваше да преживуваат, а на Хана, постарата сестра и помладиот брат, и да сонуваат, продаваше избор од весници и колорирани списанија, тутун од кој најдобро се печалеше и карт-постали со бледо виражирани згради, градски покриви, пристанишни објекти и крајбрежни морски мотиви од околината, на чии горни или долни рабови на полски и на германски пишуваше: „Спомен од Гдањск/Сувенир од Данциг”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)