Вие сте продадени души... Непријатели држите во манастиров... Останаа живи на Кајмакчалан, не ги смачкавме, а сега се прават пријатели... Вие сте издајници... Заради нив сакате и мене да ме убиете...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Таму те чекав. Да ти ја продадам душава. За ситни пари.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
- Ти си продадена душа, вели, и за тебе уште мрзата твоја работи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Кој бре, продадена душа, бамити заврзокот, бамити мајчето што те омачи, велам, и ја кревам масата. 241
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Подобро на ѓаволот да си ја продадеше душата, ама ова да не го снајдеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)