продава (гл.) - свој (прид.)

Ни се чини умесно, попатно, да се потсетиме на Кропотки- новиот спис Апел до младите [правници].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со овој нов член, иако (релативно доцна) се уредува еден многу важен формален аспект на договорот за вработување, сепак се остава широка можност за злоупотреба, пред се, што договорниот однос помеѓу работодавачот и работникот е однос на две формално еднакви, но фактички нерамноправни страни т.е. „помоќниот“ газда и работникот кој мора да го продава својот труд за да преживее.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тажен е податокот дека, ретко кој од денешните наши судии посветува внимание на „потчинетоста која ѕирка зад фасадата на наводната договорна еднаквост“ (Пол Дејвис) – оти купувачот и продавачот вообичаено, барем во економска смисла, се еднакви, ама работникот и работодавачот не се.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работата тешко дека ќе постои. Повеќето физички работи ќе бидат извршувани од автоматизирани машини.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ним, како од раце да им се лизна Правичноста, според која договорот направен помеѓу човек кој ручал добро и човек кој го продава својот труд за гола егзистенција, помеѓу силниот и слабиот, помеѓу богатиот и сиромавиот, помеѓу господарот и робот – не е воопшто ‘договор’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто како што робовите, слугите и проститутките беа терани да ги продаваат своите тела во времето на преддигиталните стадиуми, луѓето во 2008 ќе ги продаваат своите мозоци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)